Упадот на косовската полиција во банките во српските општини ја загрижи ОБСЕ

фото: Принтскрин/Косово онлајн

Откако косовската полиција со пушки и панцири упадна во филијалите на Поштенска штедилница во српските општини на Косово Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Косовска Митровица реагираше и мисијата на ОБСЕ во Приштина. Оттаму соопштија дека се загрижени за дејствијата на косовската полиција и повикаа проблемот со „готовинските трансакции“ на Косово да се реши во рамките на дијалогот со посредство на Европската унија.

„ОБСЕ ги поздравува напорите што ги прави ЕУ, како посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина, за изнаоѓање усогласен пат во однос на управувањето со готовинските трансакции. Од суштинско значење е двете страни да продолжат конструктивно да се ангажираат со ЕУ во удвојни напори за решавање на тие прашања во рамките на дијалогот“, соопшти Мисијата на ОБСЕ.

Во соопштението се додава дека е неопходно да се избегнат „дестабилизирачки ефекти“ за да станат интересите и благосостојбата на обичните жители од сите заедници во Косово врвен приоритет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот