Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека Србија добила информација за тоа кој ќе гласа за резолуцијата за геноцид во Сребреница и дека ќе има „разочарувачки вести во однос на ставот на некои земји од кои како што истакна не очекувал да им забијат нож во грб“.

-Ќе има разочарувачки вести од некои земји од кои не очекувавме да ни забијат нож во грб, имаше голем притисок и многумина молчат и на крајот ќе гласаат „за“. Но ќе има и такви кои ќе го издржат притисокот и нема да се согласат да се придружат на чудните принципи, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија повтори дека ветил дека ќе се бори и тоа нема да остане без резултати.

-Па ќе ја повторат празната приказна дека тоа не е колективна вина на српскиот народ и дека многу ги сакаат Србите итн., а потоа очекувајте од петок и сабота обиди за смирување на ситуацијата – како Србите ни се најдобри пријатели и да продолжиме како ништо да не се случило вчера, рече Вучиќ.

Тој посочи дека е парадокс тоа што Германија после Првата и Втората светска војна ќе го има воведното излагање во Генералното собрание на ОН и ќе ја отвори дебатата.

-Колку е чудно што Германија ќе ни суди со свое воведно излагање. Јас нема да се борам за зачувување на фотељата, јас се борам за Србија, нагласи претседателот на Србија.

Вучиќ додаде дека Црна Гора со своите амандмани на Резолуцијата „мислела дека србите се глупави“.

-Мислеа дека секој нормален човек ќе прифати да има изговор пред своите граѓани и да каже – супер, сега имаме амандмани, кои велат дека Србите не се колективни виновници и дека Србија не е колективен виновник – вин, вин ситуација итн. Само тие луѓе не разбраа. Можеби би ги убедиле сите други во Србија, но мене не ме убедија. Беа сигурни дека и јас ќе го направам истото како нив, не мислам во Црна Гора, туку во многу земји и дека ќе го прифатам она што ми е полесно и што ќе ме задржи на власт и дека никој никаде нема да ме обвини , рече Вучиќ за новинарите во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот