Невреме во Србија: Загина жена откако паднало дрво врз возилото кое го управувала

фото: Министерство за внатрешни работи на Србија

Силно невреме го зафати Сомбор, Србија – една жена загинала откако паднало дрво врз нејзиниот автомобил.

Како што соопштиле од министерството за внатрешни работи на Србија, жената од здобиените повреди починала на самото место.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Дачиќ ги повика граѓаните да бидат крајно внимателни поради невремето во Србија, за кое предупреди и Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Силно невреме го зафати Нови Пазар и околината околу 15 часот, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во неколку населби. Силен дожд и град со големина на ореви паѓаа со часови без престан, јавува РТС.

Без струја одредени населени места, паѓаше град со големина на орев.

„Територијата на Пожега беше поплавена и од поројни потоци, кои загрозија неколку станбени објекти“, изјави претседателот на таа општина, Ѓорѓе Никитовиќ.

Силен дожд и град со големина на ореви паѓаа со часови без престан. Поради обилните врнежи, на улиците се појавија големи количества вода, што го отежна движењето на автомобилите, јавија српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот