НОСЕТЕ ГИ БЕЗГРИЖНО! Еве како да ги спречите проблемите со кожата на лицето поради носењето маска на високи температури

Фото: Профимедиа

Вашата кожа на лицето може да остане здрава дури и ако носите заштитна маска на високи температури.

Заштитните маски сега се наше секојдневие и нешто без кое не смееме да ја напуштиме куќата и секако да влеземе во затворен простор со други лица или пак во толпа на отворен простор.

Многумина се загрижени за тоа дека маската ќе им ја уништи кожата на лицето, а со оглед на високите летни температури, овие мали правила можат да ви бидат многу корисни.

Користете хидрантен крем

За да спречите појава на осип и, воопшто, иритација, создадете корисна и здрава бариера помеѓу кожата и маската со задолжително нанесување на некое средство за хидратација на лицето.

Редовно перете ја маската

Ако носите заштитна маска за повеќекратна употреба, најважно е да ја перете после секоја употреба! На овој начин вашата кожа нема да биде во контакт со бактерии и вируси, а имајте на ум дека испотената и влажна кожа е многу погодна почва за микроби. Во зависност од материјалот, перете ги на температура од најмалку 40 степени.

Не заборавајте го заштитниот фактор

И покрај фактот дека заштитната маска покрива повеќе од половина од лицето, таа не е челична бариера што спречува УВ зраците да навлезат до кожата. Затоа, ако излегувате на сончев ден, корисно е да користите крем со заштитен фактор, односно да го нанесете дури и на делот од лицето што ја крие маската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот