Некогаш ги масираше стапалата на славната богаташка, а денес е една од највлијателните жени во светот и заработува милиони

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Најпознатата старлета во светот вчера наполни 40 години, а по тој повод доби честитки од своите следбеници ширум светот. Тешко е да се верува колку животот на Ким се променил во последните години, таа од обична помошничка на славната и богата наследничка Парис Хилтон, се издигна во најпознатата и најпребарувана личност во светот на шоубизнисот. Таа исто така важи и за една од највлијателните жени во светот.

Пред 15 години Ким Кардашијан била толку „небитна“ помошничка и асистентка на тогаш мегапопуларната Парис Хилтон.

Instagram

Таа се грижела Парис да биде во најдоброто можно издание, се грижела за изгледот на нејзината коса, нокти, лице, облека, настаните на кои ќе се појави и сл, односно била една од нејзините асистенки кои и помагале на Парис Хилтон да блеска.

instagram

Имено, денес на многумина им е тешко да замислат дека Ким тогаш дури и ги масирала стапалата на размазената богаташка, за што сведочат и фотографии од тоа време.

Старлетата тогаш сите ја познавале како „слугинката“ на Парис Хилтон.

Instagram

Сепак, работите се промениле, па Кардашијан во моментот е многу поголема ѕвезда од нејзината поранешна шефица.

Парис Хилтон редовно и честита за нејзиниот успех, а често и се дружи со неа.

Ким денес има богатство од околу 800 милиони долари. Таа е сега една од најмоќните жени во Холивуд. Се што таа ќе облече од утре станува тренд, а за само една спонзорирана објава на Инстаграм обива дури 858 илјади долари, пренесуваат светските медиуми.

Фото: Твитер Видео/Принтскрин

Среќен роденден Ким!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот