Кралицата Елизабета скршена од тага за принцот Филип: По 70 години, таа укина уште една традиција!

Фото: Профимедиа

Најблиските членови на семејството телефонски ќе и го честитаат роденденот…

Кралицата Елизабета утре ќе наполни 95 години. Тоа е прв роденден по цели 70 години што таа ќе го прослави без сопругот принцот Филип , кој беше погребан минатиот викенд.

Во исто време, ова ќе биде прв роденден по седум децении што ќе помине без традиционалното фотографирање и објавување на нејзиниот нов портрет, што беше традиција долги години.

Елизабет ќе го прослави својот роденден опкружена со мал број луѓе од кралскиот персонал во замокот Виндзор.

Фото: Профимедиа

Бидејќи кралицата се грижи за своето здравје, поради епидемијата на корона вирусот нема да се случи ниту прослава на роденденот, ниту со најблиските.

Најблиските членови на семејството, како принцот Чарлс, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, ќе и го честитаат роденденот и ќе и посакаат сè најдобро преку телефон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот