Ким Катрал призна: Никогаш не ме ни прашаа да бидам дел од новата сезона на „Сексот и градот“

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ким Катрал, на гледачите најпозната по улогата на Саманта во „Сексот и градот“, зборуваше за односот со колешките од култната серија. Во интервјуто за Variety“ призна дека никогаш не добила повик за учество во новите епизоди од серијата „And Just Like That“.

Никогаш не ме прашаа да се приклучам во серијата „And Just Like That“. Мислам дека прилично јасно дадов до знаење дека не сум за такви работи откако постоеше можност за трет филм од „Сексот и градот“. Токму затоа за серијата дознав како и сите останати, преку социјалните мрежи“, призна актерката.

Треба да знаете кога е доста“, додаде таа и се присети на понудата за третото продолжение на „Сексот и градот“.

Тврди дека не била задоволна со сценариото. Наводно, според замислата на режисерите, 14-годишниот син на Миранда Хобс требало да испрати фотографија од својот полов орган на пријателка на мама, односно на Саманта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Cattrall (@kimcattrall)

Тоа е страшно. Ме повреди. Зошто Саманта не можеше да биде во тешка финансиска криза по 2008 година, кога повеќето луѓе тешко се справуваа со кризата. Зошто не беше принудена да ја продаде својата ПР компанија. Тоа е реалноста. Тоа е реалност, сценарио кое на некој начин би ме привлекло и кое моите агенти го предложија, наместо приказната некој тинејџер да ми испрати негови голи слики“, изјави таа.

Таа се осврна и на нејзината врска со Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис.

„Мислам дека бевме колешки. Моите колеги не мора да ми бидат и пријатели. Сето тоа беше професионално”, заклучила Ким.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Cattrall (@kimcattrall)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот