Како вистинска лавица дочека уште еден роденден: И покрај тешката болест, актерката не се предава и сè уште верува во чудо!

Фото: Профимедиа

Нејзината мачна борба со канцерот на дојка трае веќе неколу години, но актерката не се предава…

Шенон Доерти, која е најпозната по улогата на Бренда од серијата „Беверли Хилс“ го прослави јубилејниот 50-ти роденден.

Брендон и Бренда 19 години по завршувањето на „Беверли Хилс“ повторно заедно (ФОТО)

 

Кога ќе се земе предвид тоа колку изминатите години ѝ беа тешки и мачни на популарната актерка, мора да се признае дека нејзината борба е навистина – лавовска, и дека таа никогаш не се откажа.

Актерката Шенон Доерти која и македонската публика ја обожава поради серијата „Беверли Хилс“, но и култната „Волшебнички“, неодамна призна дека ракот на дојка кој ѝ беше дијагностициран уште во 2015 година, повторно се вратил.

Тешката болест ја совладува Шенон Доерти – Подготвив облека за погребот, сакам да бидам убава!

„Прашање на време е кога ќе излезе во јавноста, па токму затоа ќе ви кажам: ракот на дојка се врати и е во четврти стадиум. Поради тоа денес сум тука“, изјави Шенон за странските медиуми и додаде:

„Многу ми е тешко, има денови кога се прашувам: „Зошто јас?“, а ги има и оние кога едноставно ја прифаќам болеста. Најголемата грижа ми беше како тоа повторно да им го кажам на мајка ми и сопругот“.

Фото: Инстаграм

Шенон пред извесно време изјави дека никогаш нема да се откаже од борбата против оваа подмолна болест, како и дека ги истражува алтернативните методи на лекување, кои би можеле да придонесат за нејзино оздравување.

Фото: Инстаграм

Актерката за борбата со ракот: Сакам луѓето да знаат дека се борам

Надежта последна умира: Шенон Доерти одлучи да се бори до крај, верува дека ќе се излекува со „чудотворен“ лек

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот