Надежта последна умира: Шенон Доерти одлучи да се бори до крај, верува дека ќе се излекува со „чудотворен“ лек

Фото: Инстаграм, Јутјуб

Поранешната ѕвезда од хит серијата „Беверли Хилс“ од 90-те, Шенон Доерти откри пред неколку месеци навистина лоша вест, дека повторно и се вратил ракот на дојка и тоа во уште посилна форма, во четврти стадиум.

Светските медиуми известуваа дека Шенон се помирила со фактот дека овој пат нема да може да ја победи оваа злобна болест и дека се подготвува за својата смрт. Меѓутоа, магазинот „National Enquirer“ им даде мала надеж на обожавателите на оваа актерка во својата нова статија, во која тврди дека Шенон не се помирила со смртта, туку дека очајнички се обидува да пронајде алтернатива, односно „чудотворен“ лек кој ќе и го спаси животот.

Instagram

Изворот кој е близок до актерката откри дека Шенон се завртела кон алтернативната медицина, особено кон кинеската. Иако не се откажала од западните методи на лекување, смртоносната болест која го напаѓа нејзиното тело ја направила поодлучна да го пронајде „чудотворниот“ лек од природата кој може да ја спаси, со оглед на тоа дека хемотерапијата не и помага.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е shenon-instagram-2.jpg
Instagram

„Посветува низа специјалисти од областа за алтернативна медицина додека се уште има сила во телото. Оди и на акупунктура и пие мешавина од разни необични лековити билки, кои наводно го забавувале растот и ширењето на канцерогените клетки“, изјави извор близок до актерката.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е shenon-instagram-3.jpg
Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот