ВИДЕО | Синот на Бритни Спирс: Мајка ми не е клонирана, луѓето премногу лесно веруваат во сè што ќе видат на интернет
Џејден Џејмс, 19-годишниот син на поп-ѕвездата Бритни Спирс, јавно ги отфрли теориите на заговор дека неговата мајка е клонирана, оценувајќи ги како апсурдни.
Препорачано
За време на пренос во живо на „Тикток“, Џејден рече дека бил изненаден кога видел видео со повеќе од 1,2 милиони допаѓања, во кое се поставува прашањето дали Бритни Спирс воопшто е жива.
„Отворам ‘ТикТок’ и гледам видео со натпис: ‘Најголемата теорија досега – дали Бритни Спирс е сè уште жива?’ Па, луѓе, можете да ја отворите нејзината страница и да ја видите во моментов“, изјави тој.
Според него, ваквите содржини се доказ колку лесно се шират дезинформации на социјалните мрежи.
„Тоа ми покажува дека голем дел од она што се појавува во медиумите е претерано и лажно. Луѓето знаат колку лесно другите можат да поверуваат, па го користат тоа. Ако нешто има многу допаѓања, многумина веднаш му веруваат без воопшто да проверат дали е вистина“, рече Џејден.
Џејден и неговиот постар брат Шон Престон, кој има 20 години, се синови на Бритни Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн. Нивниот однос со пејачката со години беше нарушен, но во последниот период, според американските медиуми, повторно се зближиле.
Во меѓувреме, теоријата дека Бритни Спирс е „клонирана“ со години кружи на интернет. Во 2024 година, телевизиската ѕвезда Кристин Кавалари на својот поткаст тврдеше дека жената која се појавува на социјалните мрежи „не е вистинската Бритни Спирс“, а изнесе и слични тврдења за раперот Канје Вест, поврзувајќи ги со различни теории на заговор.
Досега не постојат никакви докази што ги потврдуваат ваквите тврдења.
ВИДЕО | „Тоа ѝ го лекува срцето“ – Бритни Спирс поминува квалитетно време со синовите по апсењето


