6 C
Скопје

Актерката за борбата со ракот: Сакам луѓето да знаат дека се борам

Легендарната Бренда од серијата „Беверли хилс“, актерката Шенон Доерти и раскажа на својата пријателката се за својата борбата со ракот на дојка.

Имено, актерката неодамна и откри на јавноста дека ракот е во четврти стадиум, а сега даде интервју кое во нејзиниот стан го сними нејзината долгогодишна пријателка, актерката, Сара Мишел Герар.

„Сакам луѓето да знаат дека сум добро“, ја започна својата исповед Шенон.

„Драго ми е кога ќе слушнам кога некој ќе ми каже дека се моли за мене, но дојдов веќе до фазата во која морам да кажам дека имам се под контрола и дека се борам“, раскажа Доерти.

Актерката пред еден месец опиша на кој начин таа гледа на болеста која ја зафатила.

Прочитајте и...  Следниот пат кога ќе добиете тешка кашлица, обидете се да ја ублажите со сок од ананас
Фото: Инстаграм

„Се обидувам да ги ценам сите мали моменти кои повеќето луѓе всушност не ги гледаат или ги земаат здраво за готово. Малите работи за мене се зголемени. Го имаме овој бескраен бунар во себе и ние само треба да продолжиме да копаме во тој бунар во потрага за сила за соочување со невољите – со цел да можеме да ја видиме сета убавина“, раскажа Шенон за магазинот „Elle“.

Шенон тогаш откри и дека планира да им напише писма на сите нејзини драги луѓе, кои тие ќе ги прочитаат по нејзината смрт.

Поврзани вести

Виц на денот: Спор

Слободен печат

ФОТО| Кејт Мос ќе ја краси насловната на јануарскиот „Вог“: Кралицата на стилот никогаш не изгледала подобро!

Слободен печат

Четири хороскопски знаци во кои се кријат вистинските пријатели за цел живот

Слободен печат

ВИДЕО: Спејко сними спот, во главна улога мисицата Анѓела Јакимовска!

Васко Спасовски

ВИДЕО| Ќе ве боли стомакот од смеење: Започнува новата сезона на „Преспав“, се врати Миле!

Васко Спасовски

На бизнисменот Метју Молдинг најважни му се вработените: Им дал подарок вреден 23,5 милиони евра

Слободен печат

Остави Коментар