Како изгледа Хали Бери на плажа на 53 години? 300.000 лајкови доволно говорат за тоа! (ФОТО)

Хали Бери
Фото: Профимедиа

Фотографијата на американската актерка за неколку часа доби 255.000 лајкови, а таа бројка се уште расте, па така сега таа изнесува малку помалку од 300.000.

Хали Бери (53) важи за една од најубавите и најзгодни холивудски актерки и е вистински доказ дека годините не и можат ништо.

Иако е во шестата деценија, таа со својот изглед мами воздишки кај мажите ширум светот, а со новата фотографија на Инстаграм предизвика вистинско воодушевување.

Имено, американската актерка позираше во портокалов костим за капење на плажа и така ја истакна својата совршена фигура.

Фото: Инстаграм

На главата таа носи сламен шешир со кој ги прекри и очите, а воодушевените фанови ја почастија со илјадници лајкови и безброј прекрасни коментари на сметка на изгледот, а меѓу оние кои означија дека фотографијата им се допаѓа е и колешката Џенифер Анистон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот