Кај нив ништо не е бесплатно: Меган и Хари создадоа список со барања за секое јавно појавување!

Instagram
Фото: Инстаграм колаж

Сумата што тие ја бараат, а за која се претпоставува дека е околу еден милион американски долари за секој говор, мора да се плати директно од сметката на лицето кое ги ангажирало…

Меган Маркл и принцот Хари составија подолг список со разни барања, поврзани со нивните јавни говори, но и појавувањата на настани, кој вклучува однапред загарантирана голема сума на пари што организаторот ќе им ја исплати, како и дека сами можат да изберат кој точно ќе ги најави и ќе го организира целиот настан.

Фото: Инстаграм

Покрај договорот со „Netfliks“, поранешната кралска двојка потпиша уште еден договор, со њујоршката агенција „Harry Walker“, која ја ангажираа за да им наоѓа профитабилни договори за настани на кои тие ќе одржуваат говори.

Сумата која ја бараат, а за која се претпоставува дека е околу еден милион американски долари за секој говор, мора да се плати директно од сметката на лицето што ги ангажирало, а пред да се согласат со било што, парот сака да го знае приближниот број на луѓе кои треба да се појават на истото место, како и нивниот опис, кои се тие и што работат.

Фото: Инстаграм

Во договорот не ги заборавија ниту спонзорите, па парот инсистира да бидат упатени до најситните детали за тоа кој точно и како ќе ги финансира настаните, било да се тоа корпорации, поединци, членови на организации, луѓе од владата, а тие сакаат да знаат што точно тие добиваат од тоа спонорство.

Фото: Инстаграм

Парот исто така сака да знае дали тоа ќе биде програма во живо или однапред снимена програма, како и кој, освен нив, ќе се појави во улога на соговорник, што е тоа што публиката ќе го види на екраните, дали се ќе биде брендирано, што ќе гледаат соговорниците на екраните за време на презентацијата … Тие дури сакаат да знаат на кој начин ќе се емитува настанот, се со цел да не се посрамотат доколку има некаков технички проблем …

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот