Демонстрантите во Албанија ги објавија своите барања: оставка на Еди Рама и преодна техничка влада
Организаторите на протестот што се одржува во Тирана објавија детална листа на барања упатени до Владата, барајќи оставка на премиерот Еди Рама, формирање техничка влада и уставни реформи, објави „Албаниан пост“. Во соопштение прочитано во име на организаторите, беше нагласено дека главното барање е „безусловна оставка на премиерот и на владата“, придружена со формирање непартиска …

