Хорор на Шар Планина: Мечка ги отвора гробовите и ги јаде останките од покојните

Фото Архива

Жителите на селото Шипковица, на Шар Планина, се будат во страв од отворените гробови. Очевидци велат дека виделе мечка која што ги отвара гробовите, воглавно ноќе и се храни со останките од покојните.

Случајот се повторил неколку пати, а жителите се загрижени дека оваа гладна мечка може да заврши и во селото напаѓајќи ги жителите на Шипковица.

Тие итно бараат помош за да бидат преземени мерки со мечката, поради која жителите во утринските часови се соочуваат со отворени гробови и коски расфрлани низ гробиштата. За случајот е известен и Секторот за внатрешни работи во Тетово, од каде за Алсат велат дека било информирано Министерството за земјоделство и се очекува одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот