Работел на објект во Карпош – се здобил со тешки телесни повреди

Работник кој извршувал градежни работи во скопски Карпош се здобил со тешки телесни повреди.

Откако бил хоспитализиран во болница, надлежните од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ случајот го пријавиле во СВР Скопје.

„Од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, вчера во 13. 45 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б. И. (38) од с. Свиларе, Скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Карпош во Скопје. Увид бил извршен“, наведуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот