Палевски: Не бев во бегство, не смеам да говорам поради истрагата

Првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски негира дека бил во бегство.

Додека полицијата го спроведуваше, на излегување од Кривичниот суд, каде беше пред судија на претходна постапка, прашан од Алфа ТВ: Зошто се даде во бегство, на видео-стримот на МИА, се слуша како тој кратко одговори „ не сум бил во бегство, не смеам да говорам поради истрагата“.

Тој е првпат беше изведен пред судија на претходна постапка по екстрадицијата од Турција, каде побегна и потоа беше фатен од тамошната полиција.Прашан од „Скопје1“ дали има докази за тоа дека е невин – рече: „да“. Тој не одговори какви докази поседува. Тој пред новинарите рече и дека нема да се брани со молчење.

Палевски: Не ги убив Вања и Панче

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот