Путин: Раиси беше „доверлив партнер“

Рускиот претседател Владимир Путин за починатиот ирански претседател Ебрахим Раиси рече дека бил „многу доверлив партнер“.

„Тој беше човек од збор и беше задоволство да се работи со него“, рече Путин на средбата со претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, кој наводно ќе ја претставува Русија на погребот на Раиси во Техеран.

Путин побара од Володин да му пренесе на раководството на Иран дека „ќе направи се за да се осигура дека руско-иранските односи ќе продолжат во ист правец“.

Тој, исто така, рече дека Русија е подготвена да му помогне на Иран во истрагата за смртта на Раиси и други официјални лица во хеликоптерската несреќа во понеделникот.

Иранската влада сè уште не ја откри причината за несреќата, со претседателскиот хеликоптер стар неколку децении.

Русија и Иран се силни сојузници бидејќи Раиси и испорачуваше беспилотни летала со бомби на Русија за нејзината воена кампања во Украина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот