На Палевски му е одреден адвокат по службена должност, останува во притвор поради сомненија дека може да избега

Љупчо Палевски/Фото: Министерство за правда

На Љупчо Палевски му е одреден адвокат по службена должност, иако тој во писмо преку затворот „Скопје“ побарал тројца адвокати. Во моментов е нејасно дали одбиле, со оглед на тоа што бранител за Палевски ќе одреди судот.

Палевски при спроведувањето истакна дека не е сторител на убиствата и за тоа има докази. Тој останува во притвор 30 дена, мерка која претходно му беше изречена во негово отсуство.

„Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, Кривичен суд информира дека осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од Р.Турција, по наредба на судија на претходна постапка денеска беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје за да се произнесе во однос на мерката притвор определна во негово отсуство, а по предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје. По признесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, поставен по службена должност, судија на претходна постапка донесе решение со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена која започнува со нејзино реализирање од денот на неговиот прием во Истражниот затвор Скопје, а заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 точка 1,2 и 3 односно Постојат околности дека може да се даде во бегство, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“, стои во соопштението од судот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот