ЦУК предупреди за силни грмотевици и ветар: Не стојте под осамени дрвја

Нестабилно време со врнежи од држд, грмотевици, силен ветар. Центарот за управување со кризи ги предупредува граѓаните да бидат особено внимателни попладнево и во вечерните часови.

Да не стојат под осамени дрвја поради појава на грмежи. Се очекува на некои места времето да биде нестабилно, со интензивни поројни дождови, а некаде и појава на град. ЦУК советува да не се стои под осамени дрвја, да не се оди на отворен простор, да се избегнува движење во засеци во природата, суводолици и многу блиску до речни корита, а на возачите им препорачува внимателно и побавно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите.

„Во Скопје денеска попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината можна е појава на краткотрајно невреме. Во делови од котлината нестабилно ќе биде и утре. Пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време. За време на викендов се очекуваат нови врнежи од дожд“, се вели во информацијата на ЦУК базирана на прогнозата на УХМР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот