Врховниот судија Наќе Георѓиев оди во 30-дневен притвор

фото: Врховен суд/официјална веб-страница

Притвор од 30 дена за врховниот судија Наќе Георѓиев кој вчера беше фатен со мито од 10.000 евра. Откако Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука – 30-дневен притвор за лицето за кое постои основано сомнение за кривичното дело Примање награда за против законито влијание.

По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени од страна на  Јавниот обвинител донесе решение со кое предлогот се уважува, а на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 точка 2 и 3 односно Може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците,  и околности кои  упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет. Воедно ја информираме јавноста дека, по добивање на предлогот за определување на мерка притвор против осомниченот, кој е актуелен Врховен судија, Кривичниот суд се обрати до Судскиот совет на РСМ како надлежен за одлучување во однос на имунитетот на судијата за што советот донесе  одлука која е јавно објавена:

А, по добивање на одлуката на Судскиот совет, судијата на претходна постапка се обрати и до надлежниот Апелационен суд Скопје, со оглед да член на потесното семејство на осомничениот е избран судија во Основниот кривичен суд Скопје кој веднаш по изборот е времено делегиран да постапува во друг суд, а со цел доследно почитување на Законските одредби и надлежноста во постапувањето. Од второстепениот суд е добиено решение според кое не постојат законски пречки судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да постапува по предлогот на ОЈО ГОК, по што е донесено горенаведеното решение, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот