Израелскиот министер за одбрана рече дека барањата за апсење на израелските министри е „напад“ врз армијата

Израелскиот министер за одбрана им порача на војниците дека барањето на меѓународниот суд за налог за апсење против него и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „е директен напад врз израелската војска“.

„Никој во светот нема морално право да ја критикува државата Израел“, рече Јоав Галант при посетата на војниците во северен Израел.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан ги обвини Нетанјаху, Галант и тројцата водачи на Хамас – Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханија – за воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа и Израел.

Иако Нетанјаху и Галант не се соочуваат со неизбежно апсење, објавата во понеделникот беше симболичен удар што ја продлабочи изолацијата на Израел поради војната во Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот