Гренел: Курти ме погледна во очи и рече дека ќе ја отстрани таксата за српските производи

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Специјалниот преставник на претседателот на САД за разговорите помеѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, во интервју за косовската телевизија Т7, изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти, му ветил дека ќе ја отстрани таксата за српските производи.

– Тој ме погледна во очи и рече дека ќе ја отстрани таксата. За нас нема смисла да се водат политики кои носат штета на економијата, политики кои не дозволуваат бизнисите да се движат напред и да се отворат нови работни места. Ова им носи штети на најмладите кои сакаат работни места, и кога политиката ѝ носи штета на економијата, не треба да се очекува од нас, САД, да продолжиме да даваме поддршка на политиките кои им носат штета на луѓето – изјави Гренел за Т7.

Гренел посочи дека лично претседателот на САД, Доналд Трамп, побарал од него да помогне за да се поттикне економијата во Косово и Србија, со цел да се отворат нови работни места за младите.

Гренел исто така рече дека никогаш нема разговарано со претседателот на Косово, Хашим Тачи и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ за размена на територии.

– Никогаш. Никогаш во мое присуство не е отворено тоа како прашање, и како што реков, ова не е нешто што за што сум разговарал. И порано кажав. Пишував и на Твитер, давав и изјави за медиумите. Не е првпат да кажеме јасно дека се работи за шпекулации, и само толку – додаде Гренел.

Прашан дали за него размената на териториите е добра опција, Гренел рече дека тој лично не ја гледа таа можност како реална опција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот