Ѓоргиев: Да не одиме како „туристи“ на ЕП!

cev.eu

Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ веќе се во Маврово, во базата каде што ќе ја продолжат европската „мисија“.

Ова учество на континенталниот собир е врв на репрезентативната кариера за нашите одбојкари. На списокот кај Матијашевиќ се најдоа 15 репрезентативци.

Марјан Урдов не одговори на повикот, а Александар Милков и натаму ја санира повредата. Стручниот штаб е засилен со тренерот Ратко Павличевиќ, а потсетување дека со играчите ќе работи и кондициски тренер од Франција.

Фото: CEV.EU

По мавровскиот дел во спортскиот комплекс „Бистра“, репрезентацијата ќе се пресели во Скопје и потоа започна серијата пријателски натпревари.

– Трипати игравме финале во ЦЕВ Европската лига и двапати бевме полуфиналисти. Како и да е, ова е нешто друго. Сите велиме дека ја остваривме најголемата цел, но не сакаме тука да застанеме. Идејата е постепено да се развива нашата игра. Не можеме да кажеме дека не размислуваме на противниците, групата во Љубљана е силна. Ние успеавме да се квалификуваме на континенталниот собир и сега наше ќе биде да го дадеме максимумот и докажеме дека не сме како дошле како „туристи“ на ЕП – се зборовите на еден од најдобрите македонски репрезентативци, Никола Ѓоргиев за официјалниот сајт на Европската одбојкарска федерација.

На ЕП на 12 септември ќе започнеме против Финска. Во групата во Љубљана се наоѓаат уште Турција, Русија, Белорусија и кодомаќинот Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот