Француски тренер ја тестира силата на одбојкарите пред ЕП

Фото: CEV.EU

Од завршувањето на клупската сезона избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ се обидуваат да ја вратат натпреварувачката форма.

Тренираат 15 репрезентативци, а од денеска покрај тактичкиот дел, ќе работат и на физичката подготовка под надзор на кондициониот тренер кој доаѓа од Франција, Жан Пјер Рејно Шоке.

Фото: CEV.EU

Интересен е податокот што овој тренер се грижи и за физичката состојба на играчите на Париз волеј, претходно работеше со браќата Ѓорѓиеви кои го носеа дресот на овој клуб.

Секако покрај неизбежната тактичка подготовка, ќе се проверуваат и силите, со цел да се издржуваат напорите за време на Европското првенство во септември, а таму за шест дена одбојкарите треба да одиграат пет натпревари во групната фаза.

cev.eu

До 22 јуни ќе се тренира во Скопје, па ќе следи одмор од три недели. Новиот собр ќе биде на 14 јули во Маврово, се планираат и контролни мечеви.

Во август се планирани тест средби со Шведска и Романија, потоа на турнирот „Чајка“ во Скопје ќе играат Белгија, Бугарија и Украина, а во септември и двомеч со Австрија на гостински терен.

Потсетување дека евро шампионатот ќе го започне против селекција на Финска на 12 септември, а потоа редоследно против Турција, Русија, Белорусија и домаќинот Словенија во Љубљана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот