Љафтов: „Спартанците“ не се предаваат, на ЕУРО да докажеме дека вредиме!

Фото: CEV.EU

Нашите „спартанци“ со својата борбеност за секоја топка во квалификациите и сиот тежок пат што го поминаа изминатите години заслужија да се најдат во европскиот крем.

Потсетување, дека националната селекција ќе дебитира годинава на Европското првенство (13-29 септември), во Љубљана во рамките од групата Ц заедно со Словенија, Турција, Финска, Белорусија и Русија која е бранител на европската титула.

Фото: CEV.EU

– Успехот е многу голем со пласманот на Европското првенство, но секако не одиме да се предадеме таму, туку да се докажеме дека вредиме. Имаме добра група, можеме да играме скоро против сите, освен Русија и домаќинот Словенија. Се надевам на освојување на третото или четвртото место и да одиме понатаму – ни изјави македонскиот одбојкарски репрезентативец, Александар Љафтов.

Секако избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ до стартот на 31. континентален собир освен преку тренинзите, формата во наредните три месеци ќе ја темпираат и со одигрување на контролни натпревари.

Фото: CEV.EU

– Ова лето ќе биде многу долго и напорно. Подготовките ќе се одвиваат во два циклуси, првиот од 2 до 22 јуни во Скопје, а вториот од 14 јули до крај. Секако, ќе имаме и тест натпревари, со учество на турнирот „Чајка“ во Скопје, ќе одиграме и пријателски мечеви со Австрија. Очекувам доста контролни средби до почетокот на ЕП – додаде Љафтов.

Според најавите на традиционалниот 43. меѓународен турнир „Бранко Хаџи-Иљоски Чајка“ ќе се организира на 30-31 август, а ќе учествуваат уште селекциите на Украина, Бугарија и Белгија.

Како што е веќе познато, првиот дуел на евро-шампионатот ќе го имаме на 12 септември против Финска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот