Ги освои сите главни награди, но успеа да го освои и светот без голотија – Били Ајлиш објавува документарец за својот живот (ВИДЕО)

Profimedia
Фото: Профимедиа

Тинејџ ѕвездата Били Ајлиш најави документарец за својот живот наречен „The World’s a Little Blurry”, кој својата премиера ќе ја има во февруари следната година.

Покрај кинопремиерата, приказната за животот на 18-годишната ѕвезда и добитничка на Греми, ќе биде прикажана и на стриминг платформата „AppleTV+“.

Били Ајлиш Пират Берг О Конел е родена во 2001 година, а со само 16 години успеа да ги воодушеви сите тинејџери во светот и да создаде огромна и верна група на фанови која во краток рок успеа да ја искачи на врвовите на топ листите. Таа неодамна наполни 18 години, а бидејќи не го привлекува вниманието со голотија туку со мрачна и бизарна естетика, уште на старот се издвои од повеќето моментално актуелни поп девојки.

Нејзиниот албум “When we all fall asleep where do we go?” се искачи на првото место на Билбордовата топ листа, што воедно ја направи и прв уметник роден во 21 век кој го постигнал овој успех.

Таа во моментот е една од петте најслушани жени на стриминг платформите, а во јануари оваа година успеа да стане и најмладиот уметник кој ги освои сите водечки категории на доделувањето на Греми наградитепесна на годината, плоча на годината, албум на годината и најдобар млад уметник на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот