ФОТО | Ќерката на Џенифер Лопез има ново, машко име, сè е откриено на матурата во средно училиште
Ќерката на поранешните сопружници Џенифер Лопез и Марк Ентони, досега позната како Ема Муњиз, очигледно користи ново име. Во објава поврзана со завршувањето на средно училиште, 18-годишната Ема е претставена како Оскар Муњиз, а откриени се и нејзините планови за продолжување на образованието.
Препорачано
Џенифер Лопез сè уште јавно не се огласи за наводната промена на името на ќерката Ема, но објавата што се појави на Инстаграм привлече големо внимание од јавноста. На профилот посветен на следење на одлуките на матурантите на училиштето „Виндвард“ за продолжување на образованието, 18-годишната Ема е претставена како Оскар Муњиз. Во објавата е споделена фотографија од детството со логото на идниот факултет и информацијата дека наесен ќе студира театарска уметност и студиски уметности.
Објавата го означила и профилот на Инстаграм за кој се верува дека ѝ припаѓа на ќерката на Џенифер Лопез и Марк Ентони. На профилот има фотографија од матуранткатата, но со името Оскар, додека описот на профилот ги прикажува симболите „⚣“ и „⚧︎“ и името на идниот факултет.
View this post on Instagram
„Во Сара Лоренс оди Оскар! Нема повеќе спонтани излети во Њујорк бидејќи тој ќе живее таму. За среќа, оддалечен е само неколку часа од Стејџдор. Напред, Грифонси! Честитки!“, се вели во објавата.
Интересно е што Џенифер Гарнер, поранешната сопруга на Бен Афлек, исто така ја поддржа објавата со „лајк“. Гарнер и Афлек имаат три деца заедно, додека Афлек беше во брак со Џенифер Лопез до лани.
Џеј Ло се појави на церемонијата по повод матурирањето на Ема во средно училиште оваа недела заедно со својата мајка, Гвадалупе Родригез, и со синот на Афлек, Самуел. Марк Ентони не беше виден на прославата.
Џенифер Лопез и Марк Ентони ги имаат близнаците Макс и Ема, родени во 2008 година. Двојката беше во брак од 2004 до 2014 година. Неодамна во шоуто на Џими Кимел, Џенифер призна колку тешко ѝ паѓа одењето на нејзините деца на факултет.
„Немојте ни да ме прашувајте за тоа бидејќи веднаш ќе почнам да плачам“, рекла пејачката, додавајќи дека „плаче веќе два месеца“ додека се подготвува за заминување на близнаците од дома. Таа исто така откри дека Макс и Ема ќе студираат на различни факултети, што целосно го поддржува.
„Важно ми е да се среќни, да одат таму каде што сакаат и да го прават она што го сакаат“, порачала Лопез.
Џенифер Лопез откри дека два месеци плачела поради заминувањето на близнаците на факултет


