ФОТО: Камила во бело, принцот Чарлс гледа директно во неа – Најтажната фотографија од венчавката на принцезата Дијана и Чарлс

Profimedia
Фото: Профимедиа

„Знаев дека таа е таму. Ја барав со погледот“, се присети во една прилика починатата „принцеза на срцата“ Дијана, која искрено проговори за овој непријатен момент.

Тој 29-ти јули 1981 година во Катедралата Свети Павле Лејди Дијана Спенсер се заколна на вечна љубов со престолонаследникот на британскиот трон, принцот Чарлс пред очите на целиот свет – кралското семејство угости дури 3.500 лица, додека ширум светот преносот го следеа околу 750 милиони луѓе. Сепак, малку е познато дека на само неколку метри зад младенците стоела Камила Паркер Боулс, долгогодишната љубовница на принцот, со која продолжи да се гледа и за време на бракот со Дијана, а денес по смртта на Дијана, тој е венчан со Камила.

Фото: Профимедиа

Пред да ја запроси, принцот Чарлс на Дијана за Камила и говорел како за своја пријателка. Дури подоцна таа ја дознала вистинската природа на неговиот однос со сопругата на официрот на британската војска Ендру Паркер Боулс.

Сопругот на Камила, инаку, како командант на коњаничкиот вод, имал улога во организацијата на овој посебен ден, тој ги надгедувал службениците кои ги штителе Чарлс и Дијана додека тие се возеле во кочијата низ Лондон, па така таа сама била на венчавката на векот.

Фото: Профимедиа

За познавачите на настаните од ваков тип, било многу изненадувачки како таа добила толку добро место, таа седела само неколку редови зад родените сестри на Дијана.

Во интервјуто кое Лејди Ди го дала во 1991 година, десет години подоцна, таа истакнала дека била свесна дека во Катедралата ќе ја види Камила и дека всушност постојано ја барала со погледот.

– Нормално, знаев дека е тука. Ја барав со погледот. Додека одев кон олтарот, ја забележав со светло-сив шешир и вел на главата. Видов се, нејзиниот син Том како стои на столчето. До денес, знаете, тоа ми е останато во главата, се присети Дијана тогаш.

Фото: Профимедиа

Но, сепак, на дрскоста на Камила и немало крај, таа освен белиот вел на главата, на сведбата се појавила и во бел фустан.

Фото: Профимедиа

За се да биде уште потажно, на една фотографија јасно се гледа како принцот Чарлс, додека ја води Дијана за рака гледа право во својата љубовница…

Токму тој момент една обожавателка на британското кралско семејство неодамна го сподели на Твитер, а тоа за кратко време привлече огромно внимание и предизвика бројни коментари.

Вљубениците во ликот и делото на принцезата Дијана и денес, речиси 40 години подоцна, се разлутија од оваа глетка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот