Игор Џамбазов / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ФОТО | Игор Џамбазов со иронична реакција по инцидентот на концертот на Цеца во Велес

По инцидентот на концертот на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес, кога таа за време на настапот подигнала бугарско знаме, со реакција се јави и македонскиот актер, музичар и шоумен Игор Џамбазов.

Toj на својот инстаграм-профил објави фотографија со натпис:

„Аз ја обичам Тсетса …“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Објавата веднаш предизвика бројни коментари и реакции од неговите следбеници, кои ја препознаа како саркастичен одговор на случувањата во Велес.

Потсетуваме, за време на настапот во спортската сала „Гемиџии“, Цеца подигна бугарско знаме, што предизвика бурна реакција од публиката дел од присутните ја исвиркале, а некои го напуштиле концертот во знак на протест. Настанот доби силно медиумско внимание, а токму поради тоа за „Слободен печат“ се огласи и ПР-тимот на пејачката кој наведе дека Цеца ја сака секоја публика и дека нема никаква политичка заднина.

ВИДЕО | Невиден скандал: Цеца во Велес се обвитка со бугарското знаме, со свирежи ја избркаа од сцената

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот