Цеца - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Невиден скандал: Цеца во Велес се обвитка со бугарското знаме, со свирежи ја избркаа од сцената

Во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, вчеравечер се одржа концерт на српската фолк-ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, кој заврши со инцидент и бурни реакции од публиката.

Според видеа и сведоштва што кружат на социјалните мрежи, за време на настапот Цеца во еден момент го подигнала бугарско знаме, што предизвикало негодување и свирежи на дел од присутните. Некои од присутните ја напуштиле салата во знак на револт, додека други останале збунети од потегот на пејачката.

Настанот, кој беше најавен како музички спектакл, неочекувано доби политичка димензија, отворајќи лавина коментари и поделени мислења на интернет. Дел од јавноста го осуди гестот како провокација и непочитување на македонската публика, додека малкумина искоментираа дека сето ова нема политичка позадина.

Од организаторите на концертот, како и од пејачот Мики Секуловски кој и го тргна знамето на Цеца и го фрли на земја, засега нема официјална реакција, а видеата од моментот на инцидентот продолжуваат да се споделуваат на социјалните мрежи и да предизвикуваат бројни дискусии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот