Фото: Инстаграм

Цеца ексклузивно за „Слободен печат” по скандалот во Велес: Прифатив знаме од мојата публика, жалам ако некого повредив

По лавината реакции за синоќешниот скандал во Велес,„Слободен печат“ доби ексклузивна изјава од српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, која објаснува дека не сакала да испрати никаква политичка порака, туку дека нејзиниот гест бил дел од вообичаената комуникација со публиката.

Концертот на Ражнатовиќ, кој се одржа вчеравечер во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, Македонија, заврши со инцидент кој ја разбранува јавноста. За време на настапот, Цеца подигна бугарско знаме, потег што предизвика бурна реакција кај дел од публиката, свирежи, негодување и заминување од салата.

Настанот, кој требаше да биде вечер исполнета со забава, доби политичка димензија и предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.

„Не е ништо чудно што секогаш со радост го прифаќам секое знаме од мојата публика, затоа што тоа е моја публика, мој народ, мои луѓе. Нас нè поврзува љубовта кон песната, без разлика од каде кој доаѓа. Жал ми е ако тој чин некого повредил – тоа навистина не ми била намерата, а особено не да ги повредам или навредам домаќините. Верувам дека тоа го знаете. Ви благодарам за прекрасната вечер, за убавата енергија, љубовта и спомените што заедно ги создадовме,“ вели српската пејачка во ексклузивната изјава за „Слободен печат“

А за реакциите  на социјалните мрежи, пејачката додаде:

„Реакциите се случија во салата – помеѓу мојата публика и мене. Ние знаеме како си поминавме – што беше убаво, а што помалку убаво на концертот кој траеше два часа. Тоа е најважното.

Нема да се занимаваме со реакциите на социјалните мрежи, бидејќи сите ние што таа вечер бевме заедно во Велес знаеме што навистина се случи. Ништо и никој не може да застане меѓу мојата публика и мене.“

ВИДЕО | Невиден скандал: Цеца во Велес се обвитка со бугарското знаме, со свирежи ја избркаа од сцената

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот