Фластер на главата, крвави раце и гребаници насекаде: Познатата пејачка паднала од велосипед и тешко се повредила (ФОТО)
Софи Елис Бекстор објави фотографија од болница…
Пејачката Софи Елис Бекстор, најпозната по хитот „Murder on the Dancefloor“, паднала од велосипед и завршила во болница, а на Инстаграм објавила фотографија на која ги покажала повредите.
„Завршив во болница синоќа откако се превртев на брег на Темза, додека возев велосипед. Објавив црно-бела фотографија за да не изгледам толку крваво. Добро сум, само имам неколку модринки и рани. Сакав да му се заблагодарам на персоналот во болницата што повторно ме ‘состави’“, напишала меѓу останатото покрај фотографијата.Им се заблагодарила и на луѓето кои застанале и ѝ помогнале, како и на многуте фанови кои ѝ испратиле пораки за поддршка и желби за брзо опоравување.
Софи настрадала додека возела велосипед со сопругот Ричард Џонас, со кој има 5 деца.