Џенифер Аркури откри сочни детали за врската со британскиот премиер: Четири години му бев љубовница на Џонсон, го викав Александар Велики

Фото: Профимедиа

Американката открила дека првпат имале сексуален однос на церемонијата на отворањето на Параолимписките игри 2012 година, по што Борис Џонсон отишол да седне до тогашната сопруга Марина.

Џенифер Аркури (35), деловна жена од Америка, изнесе сочни детали за страсната четиригодишна врска со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон (56), додека тој бил градоначалник на Лондон. Аферата Аркури-Џонсон и претходно ги полнеше страниците на британските и светските медиуми.

Сега Аркури за „Сандеј мирор“ изјави дека од 2012 до 2016 година била во врска со Џонсон, кој во тоа време бил во брак.

Секс, топлес фотографии, ласцивни пораки

Како што откри, таа и сегашниот британски премиер се запознале на настан на кој тој држел говор во 2011 година, кога таа била студентка. Се сретнале следната година откако таа почнала да волонтира во неговата изборна кампања. Аркури открила дека првпат имале сексуален однос на церемонијата на отворањето на Параолимписките игри 2012 година, по што тој отишол да седне до тогашната сопруга Марина, принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и до принцезата Ана.

Фото: Профимедиа

Аркури потоа редовно се состанувала со Џонсон во нејзиниот стан во Лондон, каде што имале секс и често разменувале сексуални пораки. Како што рекла, таа му испраќала сочни топлес фотографии во текот на четиригодишна романса.

„Бевме во интимна врска четири години. Го сакав, и тоа со добра причина“, рекла Аркури.

Таа се присетила дека при нивниот прв состанок Џонсон позајмил од неа 3,5 евра за да купи пиво, а со недели подоцна ја молел да го бакне на улица.

– Му реков, господине градоначалник, јас не бакнувам политичари на улица. Тој додаде дека ова е негов град и дека не му е грижа – рекла Американката. Имале заемна „физичка и интелектуална привлечност“, го сакале Шекспир, таа му го дала кодното име Александар Велики, а вели дека Џонсон ги сакал нејзиното тело и ум и дека не можел да ги држи рацете подалеку од неа.

Спорните повластици од премиерот

Деталите за „блиското пријателство“ меѓу Аркури и Џонсон првпат беа објавени во 2019 година, кога се дозна дека таа го придружувала во три трговски мисии предводени од него, а кои биле финансирани од даночните обврзници. Дел од аферата е и спорното работење на компанијата на Аркури и јавните тела. Како што напиша „Сандеј тајмс“, имало индикации дека Џонсон, како градоначалник, ѝ обезбедувал одредени повластици на нејзината компанија, конкретно 126.000 јавни пари и учество во три заеднички политички деловни мисии. Случајот беше под полициска истрага. Аркури за „Сандеј мирор“ изјави дека тој испаднал „кукавица и млитавко“, бидејќи не стоел до неа додека биле актуелни обвинувањата за нејзиното спорно учество во мисиите.

Фото: Профимедиа

Џонсон сега е во врска со Кери Симондс, со која се всели на Даунинг стрит 10 во 2019 година и така стана првиот премиер во британската историја кој животот во резиденцијата со невенчан партнер. Двојката доби син.

Љубовни скандали

Џонсон, токму поради врската со Кери, се разведе од поранешната (втора сопруга) Марина Вилер, со која беше 25 години и со која доби четири деца. Врската на Кери и Џонсон имаше скандали, полицијата реагираше поради расправија што се случила во нивниот поранешен дом. А, поради Марина, контроверзниот Џонсон ја остави својата прва сопруга Алегра Мостејн Овен, љубов од студентските денови од Оксфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот