Дали ова е новиот пар меѓу славните? Светските медиуми не престануваат да пишуваат за врската меѓу Канје Вест и Ирина Шајк

Раперот Канје Вест по разводот од Ким Кардашијан наводно се гледа со манекенката Ирина Шајк, пишува „Deux Moi“.
„Deux Moi“ повеќе пати беше во право кога станува збор за новите романси на јавната сцена, а сега пишуваат дека наводно Канје по разводот со Ким Кардашијан пронашол утеха во убавата Русинка.
„Канје Вест тајно се наоѓа со Ирина Шајк“, изјави извор за споменатата страница.
„Кога малку подлабоко ќе навлезам во тоа, не знам дали врска е вистинскиот збор за тоа, но веројатно постои некој интерес“, додава изворот.
View this post on Instagram
Ирина и Канје се знаат веќе неколку години. Се запознале кога таа се појави во неговиот спот за песната „Power“, 2010 година. Пред неколку недели папараците ја уловија како носи маица која ја дизајнирал Канје Вест. Канје и Ирина сè уште не се огласија по повод овие наводи.
„Deux Moi“ на Инстаграм профилот објавува информации кои ги испраќаат илјадници луѓе ширум светот, па така овој пат тие имаат дојдава дека меѓу Ирина Шајк и Канје Вест се случува нешто. Оваа вест веднаш ја пренесоа речиси сите светски медиуми.