Чеферин: Проектот Суперлига во Европа е „мртов“

Александар Чеферин
Првиот човек на европскиот фудбал Александар Чеферин не дозволи формирање на т.н. „Суперлига“/фото: EPA-EFE/Richard Juilliart

Според претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин, проектот Суперлига како елитно фудбалско натпреварување во Европа е „мртов“ и покрај новиот обид на предлагачите. Чеферин ова го изјави денеска во Буенос Аирес.

– Овде сме да зборуваме за фудбал, а ова не е фудбал – изјави 55-годишниот Словенец на новинарите во Аргентина.

Пред неколку дена трите клуба Реал Мадрид, Барселона и Јувентус под водство на Германецот Бернд Рајхарт, поранешен прв човек на телевизијата РТЛ, започнаа нов обид за почеток на Суперлигата на Европа. Меѓу другото, овој пат основачите се воздржаа од првичниот план за претежно затворена лига со постојано членство.

И покрај тоа, претставниците на германските клубови, вклучувајќи го и баварскиот гигант Баерн, уште еднаш го изразија јасното противење на проектот, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Таканаречениот проект на Суперлигата брзо пропадна во својата првобитна форма во април 2021 година. На тоа остро се спротивстави УЕФА, која го организира најважното меѓународно клупско натпреварување во моментов, Лигата на шампионите. Од дванаесетте основачки клубови кои првично бараа Суперлига, девет се повлекоа од проектот за само неколку часа.

Во следните чекори клучна ќе биде одлуката на Судот на Европската унија (ЕСП) дали УЕФА и Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) делуваат како сојуз во спротивставувањето на Суперлигата.

Пред извесно време Реал, Барселона и Јувентус поднесоа тужба против УЕФА и ФИФА пред судот во Мадрид поради наводна злоупотреба на службената должност, а случајот шпански судија го префрли на ЕСП во Луксембург. Конечната одлука на ЕСП се очекува на почетокот на 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот