Хрватскиот ракометар Иван Чупиќ ја завршува кариерата

Иван Чупиќ/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Хрватскиот ракометар и играч на Загреб, Иван Чупиќ (38) на крајот од оваа сезона се збогува од играчката кариера.

Последниот натпревар најверојатно ќе го одигра в четврток против Нексе, кога Загреб може да ја обезбеди шампионската титула.

Чупиќ кариерата ја започна во Метковиќ, а потоа играше во Медвешчак, Виго, Горење, Р.Н. Ловен, Киелце, Вардар, а од 2021 година е во Загреб.

Во хрватската репрезентација е од 2005 година, а со неа освои седум медали од големите натпреварувања.

Легендарното крило за Хрватска одигра 164 натпревари и постигна 511 голови.

Освои осум титули во државното првенство, три титули во Лигата на шампионите, една со Киелце и две со Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот