Македонија со сребро се враќа од 3×3 баскет турнирот во Србија

Фото: КФСМ

Нашата најреномирана 3×3 екипа учестуваше на Рода првенството на Србија во Митровица, со малку изменет состав и го освои второто место и сребреното одличје. Во финалето загубија од повеќекратниот победник, воедно и домаќин на турнирот, екипата Hill Top.

Екипата на Кино Влае составена од Христијан Ристов, Милорад Миновски и Блажо Митков беше придружена од Фатјон Реџа кој го замени Марко Дујкович, кој сеуште се нема приклучено на припремите после добрата сезона во Шведска и освоената награда за најдобар центар. Ова го означува почетокот на припремите на екипата Кино Влае, во лето каде што ги очекуваат турнири на домашната сцена, но и многу меѓународни турнири во соседните земји.

Освен тоа во зависност од распоредот и обврските екипата припремите може да ги одработи и со кратки посети на елитни турнири во Германија, Шведска, Франција, Шпанија, Виетнам и Америка каде што имаат директни покани од организаторите.

Менаџерот Димитри Лазаревски изјави дека екипата ги разгледува сите опции за интернационални турнири и се обидува да направи оптимален план за летото, во кое сакаат да изиграат што повеќе турнири на меѓународната сцена, а дополнително размислуваат за едно странско засилување со докажано реноме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот