Англија без Рашфорд, Санчо, Стерлинг и Хендерсон на Европското првенство

Маркус Рашфорд/фото: EPA-EFE/Frank Augstein

Фудбалскиот селектор на Англија, Герет Саутгејт го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета за претстојните пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Исланд.

Натпреварот Англија – Босна и Херцеговина ќе се одигра на 3 јуни во Њукасл со почеток од 20.45 часот. А на 7 јуни на „Вембли“ во Лондон играчите на Саутгејт ќе тестираат против Исланд.

Англичаните се подготвуваат за настапот на Европското првенство кое летово ќе се организира во Германија, а се наоѓаат во група со Србија, Данска и Словенија.

Во составот на Саутгејт не се наоѓаат познати имиња како Маркус Рашфорд и Џордан Хендерсон, а меѓу нив и Бен Чилвел, Рис Џејмс, Дом Соланке, Ник Поуп, Џејдон Санчо, Рахим Стерлинг, Леви Колвил и Калвин Филипс.

Составот на англиската репрезентација:

Голмани: Дин Хендерсон, Џејмс Трафорд, Џордан Пикфорд, Арон Рамсдејл.

Одбрана: Џарад Брантвејт, Луис Данк, Џо Гомез, Марк Гехи, Езри Конса, Хари Мегваер, Џерел Куанса, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипиер, Кајл Вокер.

Среден ред: Трент Александар-Арнолд, Конор Галагер, Кертис Џонс, Коби Мајно, Деклан Рајс, Адам Вартон.

Напад: Џуд Белингам, Џерод Бовен, Еберечи Езе, Фил Фоден, Ентони Гордон, Џек Грилиш, Хари Кејн, Џејмс Медисон, Кол Палмер, Букајо Сака, Ајван Тони, Оли Воткинс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот