Челси спогодбено се раздели со Маурисио Покетино

Маурисио Покетино/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Англискиот фудбалски клуб Челси на својот клупски сајт објави дека официјално Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на екипата.

– Во име на сите во Челси, би сакале да ја изразиме нашата благодарност до Маурисио за неговите услуги оваа сезона. Тој ќе биде добредојден назад на Стемфорд Бриџ во секое време и му посакуваме сè најдобро во неговата идна тренерска кариера – изјавија спортските директори на Челси, Лоренс Стјуарт и Пол Винстанли.

Клубот го напуштија и Хесус Перез, Мигел д’Агостино, Тони Хименез и Себастиано Покетино.

– Благодарам на сопственичката група на Челси и на спортските директори за можноста да бидам дел од историјата на овој фудбалски клуб. Клубот сега е добро позициониран да продолжи да оди напред во Премиер лигата и Европа во годините што доаѓаат – рече Маурисио Покетино.

Лондонските „сини“ нема да даваат дополнителни коментари додека не биде назначен нов главен тренер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот