Драма во Франција: Фудбалери на Марсеј спасувале жива глава, разбојници пукале во нивниот автомобил

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Тројцата фудбалери од редовите на Марсеј, Бамо Меите, Жан Онана и Фарис Мубања избегнале вистинска трагедија откако непознати напаѓачи пукале во автомобилот во кои се наоѓале, пренесуваат француските медиуми.

Медиумите во Франција пренесуваат дека тројцата фудбалери биле во автомобилот по враќањето од натпреварот против Ле Авр во Лига 1, а инцидентот се случил некаде околу часот наутро.

На почетокот напаѓачите прво им се заканувале да излезат од возилото, но кога одбиле тогаш следувала драмата. Се обиделе насилно да ги изнесат, а кога не успеале во намерата почнале да пукаат во него.

За среќа ниту еден од тројцата фудбалери не се здобил со повреди и успеале да да избегаат од местото на настанот. Автомобилот бил оштетен со куршуми на вратата и гепекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот