МЗТ го доби вториот меч против Пелистер и е на победа од шампионската титула

фото: kfsm.mk

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа и во вториот натпревар од финалмата серија во Првата македонска лига против Пелистер (80:75) за големи 2:0 пред преселбата во Битола. Пелистер имаше одличен почеток, во осум минути направија огромни 22:8. Но, во двете минути кои следуваа, актуелниот шампион се врати со своја серија од осум поени, за 16:22 по една одиграна четвртина.

Имаа гостите од Битола водство од 28:22, но потоа следуваше уште една серија на „металците“ по која дојде и до промена на водството. По тројката на Делалиќ, МЗТ Скопје поведе со 31:30. Ефикасната игра им донесе уште повисока позитива (46:39), кога се играше 18 минута, за првото полувреме да заврши со предност на „сино-белите“ од 46:43.

МЗТ Скопје беше екипата која подобро „го отвори“ второто полувреме. На средина од третиот период имаа сосема солидни 56:48, потоа и 60:51. Битолчани намалија на 57:63, но не направија и нешто повеќе од тоа во тој дел од финалето.

Финалните 10 минути од втората пресметка двете екипи го дочекаа со резултат 68:59 за онаа која го брани шампионскиот пехар. Онаа која го напаѓа ги реализираше првите два напади, за ново доближување, сега на 63:68. Во средишниот дел, по поените на Маслинко, Пелистер беше „во игра“, резултатски (70:76). Мини-серијата репрезентативното крило ја продолжи да симне уште малку од негативата (73:76).

Но, во оние три и пол минути кои останаа гостите не најдоа начин да стигнат до посакуваното. Танасковиќ и Д.Стојановски го вратија првакот на 80:73, по што веќе Пелистер немаше сили за евентуално целосно враќање. Танасковиќ во редовите на МЗТ заврши со 16 поени, а кај „зелено-белите“ Костоски запиша 17. Третиот меч од финалната серија ќе се игра на 25 мај (сабота) во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот