Португалија со Кристијано Роналдо ќе атакува на европската титула

Кристијано Роналдо/фото: EPA-EFE/ANDRE KOSTERS

Селекторот на португалската фудбалска репрезентација Роберто Мартинез денеска го објави списокот од 26 играчи за претстојното Европско првенство во Германија.

Португалците пред почетокот на континенталниот шампионат ќе одиграат три пријателски натпревари против Финска, Хрватска и Република Ирска.

На ЕП што ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули, Португалија е во групата „Ф“ со Чешка, Турција и Грузија.

Составот на португалската репрезентација:

Голмани: Диого Коста, Хозе Са, Руи Патрисио.

Одбрана: Антонио Силва, Данило Переира, Диого Далот, Гонкало Игнасио, Жоао Кансело, Нелсон Семедо, Нуно Мендес, Пепе, Рубен Диас.

Среден ред: Бруно Фернандеш, Жоао Невес, Жоао Палиња, Отавио Монтеиро, Рубен Невес, Витиња.

Напад: Бернардо Силва, Кристијано Роналдо, Диого Жота, Франциско Консеисао, Гонкало Рамос, Жоао Феликс, Педро Нето, Рафаел Леао.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот