Ѓорческа освои сет, но е поразена во квалификациите на „Ролан Гарос“

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска го имаше својот настап во квалификациите за пласман на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз, Франција.

Во првото квалификациско коло Ѓорческа загуби со 2:1 во сетови од Французинката Марго Рувруа.

Противничката го освои првиот сет убедливо со 6:2, иако Ѓорческа водеше на стартот со 1:0 и 2:1.

Во вториот сет нашата тенисерка дојде до израмнување, најпрвин имаше позитива од 2:0, следуваше серија на Рувруа која направи пресврт за 4:2, а нешто подоцна дојде и до 5:3.

Французинката имаше и меч топка, но Ѓорческа направи брејк за 5:4, а потоа врза уште три гема за 7:5 и израмни на 1:1 во сетови.

Ѓорческа го доби првиот гем во решавачкиот сет, но потоа следуваше доминација на Французинката која врза четири гема во низа, и ваквата предност ја одржуваше до самиот крај и триумф од 6:3 за пласман во следната квалификациска рунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот