Британски таблоид треба да ѝ исплати отштета од половина милион евра на Меган Маркл

epa-efe
Фото: EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Уредникот на магазинот „Mail on Sunday“, британскиот таблоид мора да исплати повеќе од половина милион евра за трошоците од судската постапка откако го загуби спорот со Меган Маркл.

Имено, тие ја нарушиле приватноста на Меган објавувајќи го нејзиното писмо упатено до нејзиниот татко.

На рочиштето кое беше одржано вчера, 2 март, судијата наложи групацијата „Associated Newspapers“ да изврши уплата во износ од 450.000 фунти за покривање на своите судски трошоци. Адвокатот на војвотката од Сасекс, Иан Мил првично бараше 750.000 фунти.

Адвокатите на британската медиумска куќа планираат да поднесат жалби на пресудата, а адвокатот на војвотката бараше по пресудата изречена минатиот месец на насловната од магазинот да објават јавен демант.

Фото: Профимедиа

Да се потсетиме, Меган Маркл ја тужеше медиумската куќа „Associated Newspapers“ за кршење на приватноста со објавувањето на дел од рачно пишуваното писмо, но и манипулација со него со цел да се прикаже сосема друга слика, кое Меган во август 2018 година му го упати на таткото Томас Маркл, а со кој во моментов е во лоши односи.

Писмото го напишала неколку месеци по венчавката со Хари, на која нејзиниот татко не дојде поради здравствени проблеми. Во писмото таа бара од својот татко да престане преку медиумите да изнесува лажни информации дека тогаш наводно ја раскинала врската со Хари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот