Бред Пит го реновираше домот на својата шминкерка додека таа беше на пат, а тоа што го кажа за неа е прекрасно (ВИДЕО)

принтскрин/јутјуб

Бред Пит на својата пријателка, која воедно му е и шминкерка веќе неколку години, и приреди изненадување, а таа не можеше да верува што се случило…

Холивудскиот шармер Бред Пит (56) направи добро дело за својата долгогодишна пријателка, така што одлучи да го реновира нејзиниот дом.

Бред Пит им се придружи на Дру и Џонатан Скот во нивната најнова емисија и одлучи на својата пријателка и шминкерка Џеин Блек да и обезбеди подобар дом.

Не само што го одбра дизајнот на ентериерот, туку ги засука ракавите, па се фрли на работа и го одработи и делот околу рушењето на старата конструкција, а во овој процес стана и многу емотивен.

56-годишниот актер откако ја избра токму неа за изненадувањето, проговори за пријателството со Џин и поради што сакал да и помогне токму на неа.

– Таа ми е семејство, како брат и сестра сме. Таа е личност која многу ја ценам во мојот живот, изјави Бред.

Џин замина на пат на три недели, а во тој период од емисијата на браќата Скот и ја обновија гаражата, во што помогна и Бред Пит, а кога се врати и го виде тоа таа заплака.

Во нејзиниот дом во Санта Моника покрај гаражата, ја преуредија и шминкерницта, студиото, спалната соба, бањата и кујната.

Џин остана без зборови кога ја здогледа реновираната куќа и заплака, а потоа му се заблагодари на долгогодишниот пријател и браќата Скот.

Шминкерката и актерот заедно работеа на повеќе од 40 филмови и многу добро се согласуваат.

Бред Пит истакна дека бил воодушевен што може да и помогне во уредувањето на домот, кое толку долго го посакувала.

Погледнете како се одвиваше процесот…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот