Џо Бајден/ Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Бајден ги предупреди талибанците: Не се осмелувајте да нападнете Американци

Претседателот на САД, Џо Бајден во синоќешното официјално обраќање кон народот, ги предупреди талибанците да не се осмелуваат да ги напаѓаат Американците кои сè уште се наоѓаат во Авганистан, пренесува АП.

„Доколку е неопходно, нашите луѓе ќе ги браниме со разорно насилство“, изјави Бајден од Вашингтон.

Тој додаде дека талибанците ќе мора да сметаат со „силна и брза“ воена реакција доколку би ги загрозиле животите на преостанатиот американски персонал во Авганистан.

Во неговиот говор од Белата куќа, Бајден укажа на долгодишната поддршка од страна на американците во обучувањето и опремувањето на авганистанските воени сили.

„Им ги дадовме сите наши можности за да одлучуваат за својата иднина. Но, не можевме да им дадеме и волја за да се борат за таа иднина.“

Потпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс вчера објави дека сите вработени од американската амбасада во Кабул успешно и безбедно беа евакуирани од земјата. САД сè уште го контролира аеродромот во Кабул на кој владее хаос.

Бајден до нацијата: Не жалам за одлуката што ја донесов!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот