Бајден до нацијата: Не жалам за одлуката што ја донесов!
Во обраќањето до нацијата, американскиот претседател Бајден одлучи да ги објасни своите потези во врска со Авганистан.
Препорачано
Тој изјавидека ќе продолжи да му помага на авганистанскиот народ, да работи на дипломатски решенија и да ги брани правата на жените и девојките, но и човековите права.
„ Не можеме да го постигнеме ова преку постојани војни, туку преку дипломатија и политички акции. Го одобрив испраќањето на 6.000 војници кои сега работат на евакуација на луѓе, тие ја презедоа контролата врз цивилниот и воениот воздушен сообраќај, нашата дипломатска мисија е на аеродромот и ја затворивме амбасадата во Кабул. Ние веќе префрливме 2.000 Авганистанци со специјални визи, многу други ќе бидат префрлени во наредните денови и оваа програма дополнително ќе се прошири на оние кои работеле и помагале на други организации. Морам да кажам дека има такви кои во моментов не сакаат да ја напуштат земјата, бидејќи и веруваа на Владата да работи на спречување конфликти и понатамошни проблеми “, рече Бајден во говорот во Белата куќа.
Бајден ја потсети нацијата дека е четвртиот американси претседател што се занимава со Авганистан и дека не сака друг претседател во иднина да се занимава со оваа тема .
Тој ја прифати одговорноста за она што го направи и изрази желба за отвореност кон американскиот народ.
„Ова завршува со мене, не жалам за одлуката што ја донесов“, рече Бајден.
Тoј смета дека не е во интерес на САД да продолжат да ги жртвуваат американските војници и нивните семејства и дека тој ветил дека ќе стави крај на американското воено присуство во Авганистан, и дека со оваа одлука го исполнил ветувањето за прекин на непријателствата.
„Не сакам да ги повторувам грешките од Виетнам што беа направени кога дојдов овде како млад човек“, рече Бајден.
Американскиот претседател уште еднаш ја напушти говорницата без да одговори на прашањата на новинарите собрани во Белата куќа кои го слдеа неговото обраќање


