Евакуаиран целиот персонал од амбасадата на САД во Кабул

Гужва пред аеродромот во Кабул/ Фото: EPA-EFE/STRINGER

Нед Прајс, портпарол на Стејт департменот денеска објави безбедно окончување на евакуацијата на  дипломатскиот персонал од американската амбасада во Кабул, пренесува Си-Ен-Ен .

„Потврдуваме дека безбедната евакуација на целиот персонал на амбасадата сега е завршен. Сиот персонал на амбасадата е лоциран во објакти на меѓународниот аеродром Хамод Карзаи, чиј периметар е обезбеден од војската на САД“ соопшти Прајс.

Претседателот Џо Бајден претходно одобри распоредување на дополнителни 5 илјади американски војници на аеродромот заради обезбедување на објектот среде евакуацијата на дипломатскиот персонал на САД, како и на авганистанските државјани кои бараат статус на бегалци во Вашингтон.

Во меѓувреме, вкупно 64 земји синоќа потпишаа заедничка изјава која повикува на безбедно и уредно заминување на сите што сакаат да го напуштат Авганистан по талибанската офанзива.

Помеѓу земјите потписнички на заедничката изјава, меѓу останатите се и САД, Канада, Франција, Германија и Велика Британија.

Портпаролот на талибанците, Забинулах Муџахид, вчера соопшти дека започнале да ја преземаат контролата врз Кабул и јавните згради откако владините сили го напуштија главниот град на Авганистан. По вестите за преземањето на контролата врз градот, голем број улици во Кабул останаа празни.

ВИДЕО l Бајден се соочува со виетнамско сценарио: Кабул наликува на Сајгон, хеликоптери евакуираат лица од крововите на странските претставништва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот