Бајден испрати 5.000 војници во Кабул за евакуација на дипломатите

Американски војници / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Џозеф Бајден одлучи да испрати 5.000 војници во Кабул, наместо 3.000 претходно најавени, со цел да се обезбеди евакуација на американски дипломати и авганистански цивили.

Бајден нагласи дека, по консултации со советниците за национална безбедност, одлучил дека „околу 5.000 војници”, наместо 3.000, да бидат распоредени на аеродромот во Кабул, со цел да се олесни евакуацијата по 20 години конфликт.

Тој и американската потпретседателка Камала Харис утрово одржаа видео конференција со претставници на националната безбедност како одговор на влошената ситуација во Авганистан. Официјален претставник на Белата куќа рече дека разговарале за напорите за евакуација на американските цивили од Авганистан, како и Авганистанците кои работеле за американската влада, и за брзите промени на теренот.

Почна евакуацијата на дипломатите од американската Амбасада во Кабул, изјавија денеска два официјални извора за западни медиуми.

„Во моментов, додека зборуваме, заминува мала група. Поголемиот дел од персоналот се подготвотвува да замине… Амбасадата продолжува да функционира”, изјави еден извор, кој побарал анонимност.

Евакуацијата на повеќето американски дипломати се очекуваше да почне денеска, бидејќи талибанците продолжуваат да напредуваат и ќе бидат пред Кабул во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот